четврток, 6 февруари 2025

Од Бунарџик „Аптив“ се сели во Полска и Португалија, „Џонсон Мети“ го намалува бројот на вработени

„Аптив“, ирско – американската компанија за израбоитка на авто делови го затвора погонот во ТИРЗ Бунарџик кај Скопје и се сели во Полска и Португалија. Британскиот гигант „Џонсон Мети“, најголемиот извозник од Македонија, го намалува бројот на вработени. Според експертите ова се случува како последица на кризата на автомобилската индустрија во светот.

Објавено на

часот

Сподели

„Аптив“ во Македонија работи од 2016 година и нима 500 вработени. Од компанијата за ТВ „Телма“ вчера изјавија дека „поради оптимизирање на производствените капацитети, согласно случувањата на глобалниот пазар, производство од Бунарџик го селат во нивните погони во Полска и Португалија, а во Македонија се затвора. Имаме  план за поддршка на вработените во текот на целата транзиција, која ќе биде во согласност со локалните закони и прописи“.

Од „Џонсон Мети“ велат дека ќе го намалат бројот на работни позиции поради глобалните случувања на автомобилскиот пазар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ