вторник, 22 октомври 2024

Обвинителството го информираше Трамп дека е под истрага поради тајни документи

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за правда обично ги информира луѓето кога се под истрага за да им даде можност да презентираат свои докази, наведува британската агенција.

Известувањето што адвокатите на Трамп го добија во понеделникот не мора да значи дека поранешниот американски претседател ќе биде обвинет.

Веста за известувањето до адвокатскиот тим на Трамп дојде само два дена откако неговите адвокати се сретнаа со претставници на Министерството за правда за да разговараат за случајот.

Федералната голема порота го истражува задржувањето на доверливи материјали од страна на Трамп откако тој ја напушти Белата куќа во 2021 година.

Во август 2022 година, истражителите заплениле околу 13.000 документи од имотот на Трамп Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида.

Друга кривична истрага ги истражува наводните обиди на Трамп и неговите сојузници да го поништат изборниот пораз на претседателските избори во 2020 година од Џозеф Бајден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ