„Осомничениот, на 24 февруари, заедно со друго лице кое се уште не е идентификувано, со провалување во затворени простории одзеле туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат. Откако претходно осомничениот направил лажни клучеви за отворање врати, заедно со соизвршителот насилно делувале на бравата од влезната врата на стан на улицата „Даме Груев”. Штом отклучиле, влегле во станот, извршиле претурање и пребарување и одзеле 250 евра во разни апоени, како едно сребрено ташниче – несесер со накит, па го напуштиле местото на настанот“, соопшти Основното јавно обвинителство Скопје.
Јавниот ообвнител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, ценејќи дека постои опасност од бегство.