Додик е обвинет за неприменување и неспроведување на одлуките на високиот претставник во БиХ Кристијан Шмит, а му се заканува затворска казна до пет години и забрана за политичко дејствување.
Жељка Цвијановиќ, претседавачката на Претседателството на Босна и Херцеговина, пред денешното рочиште кажа дека станува збор за монтиран политички процес преку кој всушност им се суди на уставот на БиХ и нејзините институции.
„Да е БиХ правна држава, овој срамен политички прогон со користење на правосудните институции не би ни почнал. Ниту Шмит некогаш би можел да дојде во БиХ, газејќи го Анексот 10 на Дејтонскиот договор, ниту во својство на лажен висок претставник би можел да наметнува какви било одлуки, врз основа на кои денес му се суди на легалниот и легитимен претседател на Република Српска“, кажа Цвијановиќ.