вторник, 22 октомври 2024
Започна 30. Министерскиот состанок на ОБСЕ

ОБСЕ може да направи разлика на терен, долготрајните дискусии да водат до конкретни решенија

Објавено на

часот

Сподели

Македонија како силен поддржувач на мултилатерализмот и директен корисник на улогата на ОБСЕ при спроведувањето на демократски реформи и унапредување на состојбите во разни области, е цврсто уверена дека оваа Организација е способна да направи разлика на терен, а тоа може да се потврди и преку пример од македонското општество, каде демократскиот изборен процес неминовно е поврзан со набљудувачките мисии на ОБСЕ/ОДИХР, рече премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање на почетокот на 30. Министерски совет на ОБСЕ. 

„Токму и нашето мото за време на претседавањето – За луѓето се работи – го рефлектира тоа уверување. Долготрајните дискусии во меѓународните форуми не треба да бидат апстрактна конструкција, туку да водат кон конкретни решенија кои имаат придобивки за граѓаните“, рече Ковачевски.

За него, одржувањето на овој настан е кулминација на македонското претседавање со ОБСЕ, кое, како што рече премиерот Ковачевски, и во редовни околности не е лесен ангажман особено што „тешко кој можеше да предвиди дека пред нас ќе имаме вакви турбуленции и предизвици во регионот на ОБСЕ и пошироко, како во поглед на тешкиот геополитички контекст и ескалацијата на безбедносните предизвици, така и во однос на функционалноста и иднината на самата Организација“. Според Ковачевски, визијата на ОБСЕ како платформа за кооперативна и сеопфатна безбедност, беше сериозно тестирана во реалноста, а најмногу директно почувствувана од украинските граѓани. Воената агресија на Руската Федерација против Украина, рече тој, продолжи со несмален интензитет и разорувачки последици, потврдувајќи ја својата неоправданост и неправедност.

„Секој изминат ден и изгубени животи, додаде премиерот, се сурова потврда на оцената дека воената агресија претставува акт на флагрантно кршење на Повелбата на Обединетите нации, принципите и заложбите на ОБСЕ, како и основните премиси на меѓународното право, но пред сè на вредностите на хуманоста. Народот на Украина заслужува мир и постигнувањето праведен и одржлив мир останува императив. Оваа војна продолжува да ги поткопува и темелите на ОБСЕ. Затоа, како клучно безбедносно прашање на нашиот регион и пошироко, централен приоритет за нашето претседавање беше и останува да биде обезбедување суштинска поддршка за Украина и нејзиниот народ низ димензиите на ОБСЕ“, нагласи Ковачевски.

Премиерот истакна дека во рамки на нашето претседавање должно внимание се даваше и на сите замрзнати конфликти и регионални нестабилности низ ОБСЕ регионот, како процесот за решавање на Транснистрија, ситуацијата во Јужен Кавказ и кризата во Нагорно Карабах, тензиите на северот на Косово. 

„За момент да ги ставиме настрана националните агенди, за кои, меѓу другото, верувам дека најдобро можат да се реализираат преку мирољубива соработка во еден мултилатерален систем базиран на правила и почит на основните вредности и принципи. Ниту една земја, без разлика на големината и силата, во денешно време, на долг рок, не може да просперира во изолација, ниту пак сама да се справува со комплексните предизвици на 21-от век“, истакна премиерот.

На крајот од македонското претседавање испраќам порака на надеж дека нема да ја пропуштиме нашата средба со историјата, дека ќе одговориме на тежината на моментумот и дека ќе обезбедиме предвидлива и конструктивна индина за ОБСЕ, порача шефот на дипломатијата и претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа Бујар Османи 

„Ќе ги пренесам трите пораки дека ОБСЕ опстоја и продолжува да испорачува. Северна Македонија го презеде претседавањето со ОБСЕ во година на активна војна со невидените досега закани по европската безбедност и по меѓународениот поредок базиран на правила. Руската воена агресија врз Украина ги прекрши сите правила на Организацијата, Финалниот акт од Хелсински и други клучни документи за европската сигурност и човековите права. Војната ги поктопа довербата, дијалогот и нашиот капацитет да испорачаме, а над се таа ги уништи животите на обичните луѓе, нивното право да живеат слободно, сочени со стравот од војната и создадените воени услови. Во рамки на ОБСЕ дијалогот и соработката беа заменети со поделби и поларизација. Консензусот често инструментализиран за постигнување национални политички цели, наместо да му служи на колективниот интерес, стана оружје правејќи ги постигнувањето на практичните цели далечни и тешко достижни“, рече Османи во обраќањето.

Овие околности, како што посочи, создадоа уникатна оперативна средина за претседавањето на Македонија.

И покрај сите потешкотии и без оглед на војната во Украина и случувањата на Блискиот Исток, мултирателатиризмот останува најдоброто оружје за превенција на конфликти и надминување на несогласувања. 

„Со поглед кон идинината ние дадовме приоритет на неколку важни области како што се климатските промени, сајбер закани, антикорупција. Како што се менува светот се менува и ОБСЕ и ние продолжуваме да им служиме на луѓето“, рече шефот на македонската дипломатија.

Со цел одржување на ОБСЕ, нагласи Османи, ние бевме посветени на сите предизвици, а меѓу нив е постигнувањето кнсензус за Малта како иден претседавач со организаицијата за 2024 година. Тој ја напомна и важноста од изборот на генерален секретар и на останатите функции, како и на буџетот за функционланоста на ОБСЕ.

„ОБСЕ може да направи многу, и мора да испорача, бидејќи се работи за луѓето, а тоа беше и наративот на нашето претседателство“, истакна Османи.

Граѓаните во Македонија изградија успешно мултиетничко општество, а државата демонстрираше успешна дипломатија со своите соседи и најдобро ја разбира важноста на позитивнот ангажман во ОБСЕ, посочи денеска во своето обраќање претседателката на Парламентарното собрание на ОБСЕ Пиа Каума.

Таа потенцираше дека влијанието на руската агресија врз Украина останува во фокусот на целиот регион.

Регионалниот развој, како што рече, не може да биде загарантиран без мир и стабилност.

„Исто така, и Централната Азија ја има нашата континуирана внимателност, со оглед на тоа што регионот се соочува со криза, по терористичкиот напад што почна на 7 октомври, и ова секако има огромно влијание врз останатите држави“, додаде Каума.

Како што посочи, нејзиното претседателство ќе продолжи да го приоритеризира засилувањето на ангажманот кон мир и стабилност. Клучна е како што рече, кооперацијата со сите членки во ОБСЕ.

„Соработката со земјите членки ја покажува ефективноста на нашата работа. Ќе продолжиме со поддршката кон Украина и ќе работиме заедно за инзаоѓање на решение за создавање мир и стабилност“, додаде Каума во обраќањето на отворањето на 30. Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје. 

Македонија е домаќини на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ, на кој учествуваат околу 1000 делегати од 57 земји членки на Организацијата и земји партнери.

Освен пленарната сесија денеска ќе биде потпишана заедничката изјава за борба против корупцијата во Југоисточна Европа преку враќање на имотот и користење на дигитализација по кој ќе следи и утврдување на влијанието на климатските промени врз човековата безбедност во областа на ОБСЕ.

За утре пак се закажани три придружни настани на тема „Млади и граѓанско општество“, „Се работи за луѓето – влијанието на теренските операции на ОБСЕ во 2023 година“ и „Зачувување на плурализмот – безбедност на жените новинарки“.

Министерскиот состанок започна вчера со неформалната вечера на поголемиот број министри, на која беше разговарано за воената агресија врз Украина и потребата од функционалност на ОБСЕ во време на конфликти и зголемени тензии.

                                                                           И.О.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ