Во Скопје, утрото ќе биде студено, во текот на денот променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 Целзиуови степени.
Како што информира УХМР, утре претежно во планинските региони ќе има повремен локален снег, а на повисоките места во западните и северните делови повремен дожд и снег. Во следните два дена, времето ќе биде стабилно и суво, а локални врнежи од дожд, а на планините од снег повторно се очекуваат во недела.