среда, 5 февруари 2025

Објавени резултатите од пописот на населението на Косово, Срби има двојно повеќе отколку пред 13 години

Населението на Косово се намалило во последните 13 години од 1,74 милиони на 1,6 милиони, според објавените резултати од пописот на населението. Претходно оваа година беше спроведен вториот попис на населението откако Косово еднострано прогласи независност.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Агенцијата за статистика соопшти дека Србите го бојкотирале пописот на населението „во значителна мера“ по повиците од српските партии тоа да го направат. Агенцијата ја проценила вкупната српска популација на 53.000, што е за 28.000 повеќе отколку при пописот во 2011 година.

Повеќето Срби живеат во четирите северни општини – Лепосавиќ, Звечан, Зубин Поток и Северна Митровица. Таму има речиси 37.000 Срби.

Просечната возраст на Косово е под 35 години, втора најмлада во Европа. Просечната возраст на пописот во 2011 била 30 години. Пописот покажал дека војната во 1998 и 1999 резултирала со 11.417 загинати и 1.047 исчезнати. Материјалната штета е проценета на 5 милијарди евра.

Муслиманите со 93,49 отсто се огромно мнозинство. Православни има 2,31 отсто, а католици 1,75 отсто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ