вторник, 15 октомври 2024

Објавени конкурсите за најдобар поетски ракопис и најдобра необјавена поетска книга „Караманов 2024“

Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш и Советот на 51. Караманови средби ги распишаа конкурсите за најдобра необјавена поетска книга и најдобар поетски раскопис од странски автор за доделување на наградата „Караманов 2024“.

Објавено на

часот

Сподели

Конкурсот трае од 14 до 25 октомври 2024 година, а може да учествуваат автори од Македонија, автори од дијаспората коишто пишуваат на македонски јазик, како и автори од целиот свет.

Ракописите не треба да бидат подолги од 64 страници или четири табаци, а се бара да бидат доставени под шифра во два мејла во електронска форма потпишани со шифра, а со посебен мејл да дадат и одговор на шифрата на адреса [email protected]

На наградениот автор за награда ќе му биде објавена книга со неговиот награден ракопис и ќе му биде дадено признание.

Меѓународниот фестивал на поезија „Караманов“ постои од 1967 година. Организирано е во чест на младиот македонски поет Ацо Караманов кој загинал за време на Втората светска војна кога имал 17 години.

Караманов бил симболист и експресионист и неговата поезија ги одразува тешките времиња што ги живеел како млад човек и како партизан. По неговата смрт биле објавени повеќе од 280 песни, а тој има и неколку кратки раскази, незавршен роман и дневници во кои ги чувал своите најинтимни мисли и рефлексии од секојдневието.

Селектори за наградата се Борче Панов и Даниела Андоновска Трајковска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ