недела, 20 октомври 2024

Објавена снимка од грабнувањето на израелскиот брод во Црвено Море (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се шири снимка на која се гледа како јеменските Хути, бунтовниците поддржани од Иран, со хеликоптер слетуваат на товарниот брод во Црвено Море и го заробуваат.

Објавено на

часот

Сподели

На снимката се гледа како вооружени луѓе слегуваат од хеликоптер и го грабнуваат „Галакси лидер“ во јужното Црвено Море. Бродот припаѓа на компанија која е делумно во израелска сопственост.

Меѓутоа, Израел тврди дека станува збор за британски брод, кој е изнајмен од Јапонци. Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху оцени дека ова е чин на ирански тероризам.

Хутите се дел од регионален сојуз поврзан со Иран, во кој се и Хамас и либански Хезболах, иако нема докази дека Техеран е на кој било начин вмешан во грабнувањето на бродот.

Хутите претходно предупредија дека „сите бродови поврзани со Израел“ ќе бидат легитимна цел. Јахја Сареа, нивниот воен портпарол, на Твитер порача дека ова е одговор на „израелско-американската агресија“, и дека тоа подразбира дека бродовите кои пловат под израелско знаме или со нив управуваат израелски компании ќе бидат цел на напади.

Сареа ги повика државите да не им дозволуваат на своите државјани да работат на тие бродови, и да ја прекинат соработката со нив.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ