сабота, 19 октомври 2024

Обама во Берлин се сретна со Шолц и со поранешната канцеларка Меркел

Објавено на

часот

Сподели

„Поранешниот американски претседател Барак Обама и германскиот канцелар Олаф Шолц се сретнаа на заеднички ручек во канцеларијата на канцеларот“, јавија германските медиуми, повикувајќи се на извори блиски до германската влада.

Немаше официјално соопштение за овој настан.

Обама уште синоќа се сретна со поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, соопштија вчера од кабинетот на поранешната канцеларка. Според весникот „Билд“, Обама и Меркел ја поминале вечерта во италијански ресторан во Берлин.

Обама е во Берлин за вечерва да одржи говор пред околу 17.000 гледачи. Според информациите на организаторите на предавањето, поранешниот американски претседател во текот на својот говор треба да испрати „порака во корист на позитивни и одржливи промени“.

Според истите информации, билетите за овој говор биле брзо распродадени, а цената им се движела од 61 до 550 евра. Барак Обама, кој беше претседател на САД од 2009 до 2017 година, за време на својот мандат одржуваше пријателство со тогашната канцеларка Меркел.

Пред да дојде Обама на власт, односите беа затегнати бидејќи Ангела Меркел не му дозволи на идниот претседател да одржи говор пред Бранденбуршката порта за време на американската предизборна кампања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ