понеделник, 21 октомври 2024

Обама: Ничии раце не се чисти во конфликтот меѓу Израел и Хамас

Поранешниот американски претседател Барак Обама ги повика Американците „да ја согледаат целата вистина“ кога се обидуваат да ја разберат војната меѓу Израел и Хамас, велејќи дека „ничии раце не се чисти“.

Објавено на

часот

Сподели

„Ничии раце не се чисти“, рече 44-от американски претседател за време на интервју за „Под сејв Америка“, поткаст што го водат негови поранешни соработници во Белата куќа, пишува Њујорк пост.

Обама рече дека она што го направи Хамас е ужасно и дека нема оправдување за тоа, но нагласи дека е вистина и дека израелската окупација и она што им се случува на Палестинците е неподносливо.

Според него, единствен начин да се реши кризата е да се прифатат тие навидум контрадикторни идеи.

„Вистината е дека во моментов умираат луѓе кои немаат никаква врска со она што го направи Хамас“, рече Обама и ги обвини социјалните мрежи за продлабочување на јазот меѓу двете завојувани страни.

Поранешниот американски претседател остана запаметен по затегнатите односи со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, со кого се судри околу американско-иранскиот нуклеарен договор и израелското проширување на населбите во области кои Палестинците ги сметаат за своја територија.

Обама ги повика Американците „да не подлегнува на гневот“, туку наместо тоа да ги слушнат спротивставените гледишта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ