Доколку Државната дума донесе одлука за поништување на ратификацијата на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови (ЦТБТ), Русија нема да биде првата која ќе спроведе нуклеарни тестови, кажа Јермаков.
Тој кажа дека неговата земја ќе продолжи да го почитува мораториумот на нуклеарни тестови воведен со указ на рускиот претседател уште во 1992 година.
„Претседателот на Русија Владимир Путин во своето обраќање до Федералното собрание на Руската Федерација на 21 февруари оваа година кажа дека нема да бидеме првите кои ќе спроведат нуклеарни тестови. Русија ќе го направи тоа само ако САД први го преземат овој чекор“, кажа рускиот функционер на прес-конференција.