Дербито кое се играше на Сент Џејмс Парк им припадна на домаќините, момците на Еди Хоу ги надиграа сините.
Исак уште во 13. минута донесе водство за Њукасл од 1-0, а десет минути подоцна Стерлинг со прекрасен гол од слободен удар изедначи на 1-1. Со тој резултат се замина на полувремето.
Во 60. минута Ласелс го врати водството на Њукасл, а веќе во следната минута Тиаго Силва направи огромен кикс кој го искористи Жоелинтон за предност од 3-1.
Конечните 4-1 ги постави Гордон во 83. минута. Десет минути претходно Челси остана со фудбалер помалку откако Рис Џејмс заработи втор жолт картон.
Брајтон со 3-2 славеше на гостувањето кај Нотингем форест. Домаќините имаа и водство, но на крајот загубија.
Нотингем поведе со гол на Еланга уште во третата минута од мечот, Феругон изедначи во 26. минута, а во судиското продолжение од првиот дел Жоао Педро погоди за комплетен пресврт и предност на Брајтон од 2-1.
Жоао Педро даде гол и во 58. минута за предност на Брајтон од 3-1. Во 73. минута Днак направи фаул за жолт картон, а потоа поради приговор кон судијата заработи уште еден и беше исклучен.
Гибс Вајт од пенал намали на 3-2, но Нотингем форест не ја искористи во целост позицијата со играч повеќе и не успеа да се спаси од пораз.
Вест Хем со пресврт победи на гостувањето кај Барнли со 2-1, со истиот резултат Лутон го совлада Кристал Палас, Борнмут со 3-1 триумфираше кај Шефилд јунајтед.