вторник, 22 октомври 2024

Њујорк исполнет со густ чад поради шумските пожари во Канада

Објавено на

часот

Сподели

Чадот од шумските пожари во Канада периодично ги зафаќа североисточниот и средниот Атлантик повеќе од една недела, предизвикувајќи загриженост за лошиот квалитет на воздухот. Во вторникот, индексот на квалитетот на воздухот го достигна врвот на мерната станица Ај-кју-ер -150 – и беше оценет како „нездрав“ за ранливите групи како што се постарите, малите деца и оние со респираторни проблеми, јави Си-ен-ен.

Во текот на денот, Њујорк беше меѓу првите пет градови со најголемо загадување на воздухот во светот, објави Ај-кју-ер, заедно со Дака во Бангладеш, Џакарта во Индонезија и Њу Делхи во Индија.

Чадот од шумските пожари содржи многу ситни честички или ПМ2.5 – кои се најмалите загадувачи, но и најопасните. Кога ќе се вдишат, можат да патува длабоко во ткивото на белите дробови и да влезат во крвотокот. Тие се создаваат при согорување на фосилни горива и шумски пожари, а се поврзуваат со бројни здравствени проблеми, вклучувајќи астма, срцеви заболувања и други респираторни заболувања.

Милиони луѓе годишно умираат од здравствени проблеми поврзани со загадениот воздух. Во 2016 година, околу 4,2 милиони предвремени смртни случаи биле поврзани со овие честички, според податоците на Светската здравствена организација.

Во вторникот, концентрацијата на ПМ2,5 во воздухот во Њујорк беше 10 пати поголема од препораките поставени од Светската здравствена организација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ