четврток, 30 јануари 2025

Ново животно поглавје со Пензионерскиот пакет на Халкбанк

Пензионерските години се време за одмор, нови искуства и посветување на работите за кои секогаш сте ги посакувале, но можеби сте немале доволно време за нив. Финансиските грижи не треба да бидат дел од ова поглавје, па затоа Халкбанк го креираше Пензионерскиот пакет– сеопфатно решение кое овозможува лесно и безгрижно управување со вашите финансии. Со пониски надоместоци, дополнителни подароци и ексклузивни бенефиции, Пензионерскиот пакет е дизајниран да ги направи пензионерските денови попријатни и финансиски сигурни.

Објавено на

часот

Сподели

Пакетот вклучува бесплатна MasterCard дебитна картичка која овозможува лесен и сигурен пристап до вашите средства без надомест за првата година, е-банкарство кое овозможува управување со вашите финансии онлајн каде и да сте и СМС известувања за ажурирања во реално време за секоја активност на вашата сметка, исто така без дополнителен трошок во првата година. За оние кои претпочитаат традиционални банкарски услуги, сите интерни плаќања на шалтерите на Халкбанк се бесплатни. Покрај тоа, пакетот вклучува и ваучери за аптеки и маркети и персонализирани подароци кои го прават искуството уште попријатно.

Дополнително, исплатата на пензиите преку Халкбанк се врши навремено и без одложувања, пред секој први во месецот, со што корисниците на Пензионерскиот пакет први добиваат пристап до своите средства.

Пакетот е достапен за сите нови клиенти кои ќе ја примаат својата пензија преку Халкбанк, како и за постоечките клиенти-пензионери кои ќе потпишат изјава во некоја од филијалите на банката.

Со Пензионерскиот пакет, Халкбанк ја покажува својата грижа и посветеност кон пензионерите, овозможувајќи им финансиска стабилност и безгрижни денови.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ