„Ѓаволите“ во вторникот направија голем камб-бек против Астон Вила, губеа со 0-2 на полувремето а на крајот славеа со 3-2. Но пет дена подоцна, Манчестер јунајтед им приреди ново разочарување на своите фанови и загуби на гостувањето кај Нотингем Форест.
Домаќините поведоа со голот на Домингез во 64. минута, а Рашфорд изедначи на 1-1 во 78. минута.
Сепак, Гибс Вајт прекрасно пласираше од врвот на шеснаесетникот за 2-1 во 82. минута и големо славје.
За Нотингем Форест ова беше прва победа над Манчестер јунајтед по 29 години, последен пат го совладаа во 1994.