среда, 23 октомври 2024

Ново детско катче до „Ј.Х. Песталоци“, донација на Спорт лајф

Спорт лајф  обложувалниците дел од „STH“ холдинг групацијата, ја овозможија реализацијата на новото детско катче во училишниот двор на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Центар, Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Донацијата на Спорт лајф  овозможи поставување на комплетно нови реквизити за децата, како нишалки и лулашки и обнова на тревното игралиште за фудбал, по најсовремени стандарди, со нова подлога и мали голови со мрежа.

„Донацијата е дел од нашата визија за спортска нација и за подобрување на условите за развој на спортскиот дух кај децата уште од најрана возраст. Овој пат се работи за обновување на малото игралиште за фудбал, за учениците од основното училиште „Ј. Х. Песталоци“ и поставување на ново детско катче. Се надеваме дека оваа донација ќе придонесе за нови успеси и на образовен и на спортски план на училиштето и нивните ученици“, изјави Петар Поцков, маркетинг менаџер.

Спорт лајф обложувалниците дел од „STH“ холдинг групацијата, досега имаат реализирано бројни донации како: обнова на спортски игралишта во училиштата, поддршка на спортски клубови и натпревари, набавка на спортска опрема и сл., но и проекти за поддршка на социјално ранливите категории, и на традиционалните културни манифестации во Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ