недела, 20 октомври 2024

Новиот претседател на Аргентина сака да ги прекине врските со Кина. Пекинг: Тоа е голема грешка

Кинеското министерство за надворешни работи предупреди дека аргентинската дипломатија ќе направи „сериозна грешка“ ако ги прекине врските со големите земји како Кина и Бразил. Кина е важен трговски партнер за Аргентина чија избрана влада дава голема важност на односите со Кина, кажа портпаролката на кинеската дипломатија Мао Нинг на редовна конференција за медиуми.

Објавено на

часот

Сподели

Аргентина го избра Хавиер Милеи за нов претседател на државата. Десниот либертаријанец ги критикуваше Кина и Бразил и порача дека нема да соработува со „комунисти“, а истовремено заговара посилни врски со Соединетите Американски Држави. Руската агенција РИА Новости ја пренесе изјавата на Дијана Мондино, економистка која треба да стане министерка за надворешни работи во владата на Милеи, дека нејзината земја нема да се придружи на групата БРИКС.

Аргентина беше меѓу шесте земји кои добија покана за членство во БРИКС, блокот сочинет од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република. Мондино кажа дека Аргентина „ќе престане да комуницира“ со владите на Кина и Бразил на прашањето дали Аргентина ќе поттикнува трговија со тие земји.

„Двете страни имаат силна економска моќ и голем потенцијал за соработка“, одговори Мао како коментар на изјавата на аргентинската економистка. „Кина сака да продолжи да работи со Аргентина на промовирање на стабилноста и долгорочниот развој на билатералните односи“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ