понеделник, 21 октомври 2024

Новиот полски премиер пристигна во Украина: „Дојдов да решам проблеми“

Новиот полски премиер Доналд Туск пристигна во соседна Украина. Таму, тој ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да ги зајакне односите по неколкумесечни политички тензии меѓу двата воени сојузници.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Владата на Туск истражува како да произведе повеќе муниција и воена опрема како дел од новиот пакет помош за Украина, изјави минатата недела министерот за надворешни работи Радослав Сикорски.

Варшава се покажа како клучен сојузник за Киев, додека се брани од Русија и бара поголема финансиска и воена поддршка од своите западни партнери. Полска исто така прифати повеќе од милион украински бегалци.

„Нема поважно прашање од поддршката на Украина во нејзините воени напори – тоа е на прво место“, рече Туск, кој ја презеде функцијата минатиот месец, во коментарите пренесени од полската телевизија.

Односите меѓу двете земји се влошија во последните месеци поради блокадите на полските возачи на камиони на границата, што се заканува да го намали БДП на Украина.

Минатата недела тие се согласија до 1 март да ги прекинат протестите со кои се бараше на украинските возачи на камиони да им се забрани влезот во Европската унија без дозвола.

Туск рече дека целта на неговата посета е и „да се решат проблемите што е можно побрзо“.

Неговата канцеларија објави видео на кое се гледа како новоименуваниот лидер пристигнува на главната железничка станица во Киев на неговото прво патување во Украина како премиер.

Посетата на Туск, за време на која тој ќе се сретне и со својот украински колега Денис Шмихал, се совпаѓа со украинскиот празник Ден на единството, кој го слави обединувањето на западна и источна Украина во 1919 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ