понеделник, 21 октомври 2024

Новиот министер за внатрешни работи Тошковски на средба со раководството на СВР Скопје

Министерот за внатрешни работи во техничката Влада Панче Тошковски денеска одржа работен состанок со раководството на Секторот за внатрешни работи – Скопје, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

 

Објавено на

часот

Сподели

На состанокот, Тошковски ја потенцирал неговата заложба за строго почитување на законските процедури при работењето на МВР и истовремено, побарал од раководството на СВР Скопје, како најголем сектор за внатрешни работи во државата, да задржи високо ниво на професионалност во својата работа, како што се додава во соопштението, независно од тоа што државата се наоѓа во период на техничка Влада.

Се разговарало и за можноста, дел од кадарот на СВР Скопје да биде времено ангажиран во Одделот за граѓански работи, со цел „ублажување на проблемите поврзани со издавањето на личните документи“.

„Раководството на СВР Скопје го информираше министерот дека на подрачјето што го покрива Секторот, има стабилна безбедносна состојба и иако се соочуваат со недостаток на кадар во определени организациски единици, се прават напори успешно да се одговори на сите предизвици, со кои се соочуваат во секојдневното извршување на работните задачи“, се додава во соопштението на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ