Дачија се разви под корпоративниот чадор на Рено, а евтината романска марка сега има дури два модела на листата на најпопуларни автомобили во Европа. До октомври, сандеро беше најпродаваниот модел на Стариот континент, додека дастерот е меѓу првите 15.
Ако дизајнот ви изгледа познато, има добра причина за тоа, бидејќи новиот дастер презема дизајнерски елементи од концептот бигстер претставен на почетокот на 2021.
Поробусен од претходната генерација, новиот романски кросовер очекувано има заштитни пластични додатоци на долните делови на каросеријата, за да се справи со ситните гребаници кои се неизбежни при симнувањето од асфалтот.
Со должина од 4.343 милиметри, новиот дастер има иста должина како претходникот. Меѓутоа, ова е автомобил од следната генерација возила на Дачија бидејќи ја користи новата механичка основа ЦМФ-8, за разлика од моделот во заминување.
Благодарение на новата платформа, прилагодена од страна на матичната компанија Рено, каросеријата е подобрена за да се зголеми капацитетот на багажниот простор за шест отсто, на 472 литри.
Покрај тоа, патниците на задната клупа добиваат повеќе простор за нозете од претходно. За дополнителна практичност, опцискиот носач на покривот може да издржи до 80 килограми.
Во внатрешноста нема многу луксуз, но тоа не се ни очекува од возилата на Дачија. Ентериерот останува едноставен со тврда пластика која треба да го издржи малтретирањето.
Тоа е стилот на Дачија за издржлива патничка кабина, но повеќе не е спартанска бидејќи сега има дигитална инструмент табла од седум инчи и централен екран на мултимедијалниот систем од 1,1 инчи, која е благо свртена кон возачот.
Кога станува збор за моторите, заборавете на дизел верзијата бидејќи ја нема во понудата на овој модел. Наместо тоа, дастерот ќе се нуди со бензинец ТЦе 130, односно 1,2 литарски мотор со турбополнач и со мајлд хибрид опција.
Може да се добие со погон на предните или на сите четири тркала со шестбрзински рачен менувач. Дачија вели дека потрошувачката на гориво е намалена за 1 отсто во споредба со неелектрифицираната верзија на истиот мотор, а и перформансите се подобри.
Тука е и моторот ЕКО-Г 100 кој работи и на гас (ТНГ) и може да помине дури 1.300 километри со резервоар за бензин од 5 литри и резервоар за гас од 5 литри наполнети до врв.
Првиот резервоар се наоѓа под задната клупа, а вториот под подот на багажникот, па капацитетот за багаж останува непроменет.
Најголемата новина е дастер хибрид 14, со атмосферски мотор од 1,6 литри и два електромотори, батерија од 1,2 киловат часа и автоматски менувач.
Како и претходните две генерации, новиот дастер останува компетентен надвор од асфалтот со растојание од подлогата од 217 милиметри во верзијата со погон на сите тркала. Нуди и пристапен агол од 31 степен и агол на симнување од 36 степени.
Планирано моделот од третата генерација да почне да се продава следната година и ќе има пред себе сериозна задача. Откако оригиналниот дастер беше претставен пред 13 години, Дачија успеа да продаде повеќе од 2,2 милиони примероци. Цената засега не е објавена.