Вчера повеќето големи француски аеродроми, со исклучок на два париски, биле привремено евакуирани поради ваквите закани, што доведе до откажување на 130 летови и безброј доцнења.
Бројот на закани е зголемен во последните денови во Франција по убиството на наставникот во Арас, кој беше избоден со нож од радикализиран исламист.
Според изворот, денеска се евакуирани аеродромите Брест, Каркасон, Рен, Тарбес, Бордо-Мержињак, Безије, Монпеље и Нант.
Генералниот директорат за цивилна авијација потврди дека неколку национални аеродроми, вклучително и во Нант, утрово добиле закани за напад, но не соопшти колку.
Некои аеродроми сами го пријавија тоа, како што се аеродромите во Лил и Нант.