сабота, 5 октомври 2024

Нови раководни кадри во неколку државни институции од областа на кулурата

Со одлука на Владата денеска се назначени директори и национални координатори на државни институции од областа на културата и културната дипломатија на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

На предлог на министерот за култура, за  директор на Културно-информативниот центар на Македонија во Белград, Србија е назначен Васко Шутаров. Во неговата биографија пишува дека дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград, на насоката по дипломатија. Магистрирал во областа правни науки и применета дипломатија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и докторирал во областа политички науки на истиот универзитет. Бил советник во советот на Општина Гевгелија и пратеник во Собранието на Македонија, а автор е на број научни трудови и книги.

Весела Честоева, се именува за вршител на должноста директор на Управата за заштита на културното наследство. Честоева дипломирала на Институтот за Историја на уметноста и Археологија при Филозофскиот факултет во Скопје и магистрант на Институтот за национална историја. До 2024 година е директор на ЈОУ Вински музеј за регион Тиквеш- Кавадарци, а претходно и директор на НУ Археолошки музеј на Македонија – Скопје, како и пратеник во Собранието.

Диме Ратајкоски, на предлог на министерот за култура се именува за директор на Културно-информативен центар на Македонија во Истанбул, Турција. Ратајковски е магистрант на катедра за Историја на УКИМ, а работи како новинар и уредник во МРТВ на Културно-документарна програма и автор и сценарист на документарни филмови.

Мими Ѓоргоска Илиевска се именува за директор на Културно-информативен центар на  Македонија во Загреб, Хрватска. Ѓоргоска Илиевска е магистер по филолошки науки, универзитетски професор и експерт за заштита на аудиовизуелното наследство. Има повеќе од 20 години работно искуство во филмската дејност и дејноста на заштита на аудиовизуелното наследство. Член е на Европската филмска академија, а има раководено со Агенцијата за филм и Н.У. Кинотека.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ