понеделник, 14 октомври 2024

Љутков: Објектот на Македoнска пошта ќе стане мултифункционален комплекс до 2028 година

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, одговарајќи на новинарско прашање, денеска откри дека објектот на Македонска пошта во центарот на Скопје, ќе биде реновиран и пренаменет  во мултифункционален комплекс којшто ќе биде подготвен и за потребите на Скопје „Европска престолнина на културата“ за 2028 година.

Објавено на

часот

Сподели

Министерот посочи дека е донесена владина одлука да биде реновирана централната зграда на Македонска пошта, која беше опожарена пред десетина години и оттогаш не профункционира во целосен капацитет.

„Ние веќе разговаравме со амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, пред тој да замине од функцијата. Разговаравме неколку пати, бидејќи седум години имало тенденција Министерството за култура да ја преземе Пошта и таа да стане друг комплекс, односно да има друга намена. Разговаравме и со министерот за транспорт и врски, Александар Николовски и донесовме одлука на Влада дека таа ќе биде реновирана и ќе има друга намена, ќе има намена за мултифункционален комплекс“- изјави министерот Љутков за време на посетата на НУ Национална опера и балет, во одговор на новинарско прашање.

Како што рече Љутков, формирана е работната група и треба да почне да работи. Работната група е сочинета од претставници и од Европски комисија, од Министерство за транспорт и врски и од Министерство за култура и туризам.

На новинарско прашање во врска со креативните индустрии, Љутков најави дека ќе следува посебен конкурс, на кој што во моментов се работи и набргу ќе биде објавен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ