Брод кој плови под знамето на Сингапур, во данска сопственост, пријавил дека бил погоден од проектил, па американските воени бродови УСС Грејвли и УСС Лабун одговориле на неговите повици за помош, соопшти американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) на платформата Икс.
Притоа биле соборени две ракети лансирани од Јемен. Погодениот брод сѐ уште е безбеден за пловидба и на него нема повредени.
Јеменските Хути поврзани со Иран го контролираат поголемиот дел од Јемен и со недели ја попречуваат светската трговија со напаѓање бродови кои поминуваат низ Црвеното Море. Хутите бараат прекин на војната на Израел во Газа. Ова е нивни 23-ти напад врз меѓународен брод од 19 ноември, соопшти ЦЕНТКОМ.