Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека изборите за Белград ќе се одржат на 2 јуни и дека идната претседателка на парламентот Ана Брнабиќ ќе ги распише на 3 април.
Конститутивната седница на српскиот парламент беше прекината на 6 февруари, откако претходно формално беа потврдени мандатите на избраните пратеници. Вучиќ за претседателка на парламентот минатата недела ја предложи актуелната премиерка Ана Брнабиќ.
Белградските и локалните избори, според законот, ги распишува претседателот на српскиот парламент. На изборите во декември владејачката Српска напредна партија освои мнозинство, но не и доволно мандати за да формира власт, што не им успеа во три обиди.