Рокот за кандидирање завршува за два дена кога се очекува, по најавите по медиумите, кандидатура да поднесат и поранешните министри Славјанка Петровска и Венко Филипче и директорот на ТИРЗ во заминување Јован Деспотовски. А се очекува и одлуката на Стефан Богоев дали ќе се амбицира за првото место во СДСМ.
Кандидатура за нов лидер на социјалдемократите најави и адвокатотот од Куманово Виктор Божиновски. Александар Бајдевски е актуелен заменик министер за администрација.
По завршување на рокот за пријавување, партиска комисија ќе ги утврди кандидатите.
Изборите за нов претседател на СДСМ ќе бидат на 30 јуни.
Пред тоа, в недела ќе се одржи и отчетниот Конгрес на СДСМ на кој Димитар Ковачевски ќе треба да даде отчет за историски најголемиот пораз на СДСМ.