Според соопштението, на средбата се разговарало за тековните проекти во Македонија и планови на среден рок, за состојбите во регионот како и за предизвиците и влијанието врз глобалната економија од геополитичките случувања во Европа и светот.
„Партнерството со Светска банка и поддршката која ја добива Северна Македонија е од големо значање, Рамката за соработка е основа на граѓаните да им се овозможат подобри услови за живот, како и за инвестиции во подобрување на конкурентноста на приватниот сектор, инвестиции во инфраструктурата, развој на човечкиот потенцијал и зајакнување на менаџирањето со јавните финансии“, се наведува во соопштението.
Со изработка на новата рамка за партнерство со Светска банка, како што посочуваат од Владата, значително ќе се зголеми финансиската поддршка за земјава и ќе биде речиси двојно повисока од досегашната.