сабота, 30 ноември 2024

Нов сингл од новиот албум на Горан Таневски

Горан Таневски, некогашниот фронтмен на групата Мизар, го претстави синглот „Wish a man“ од неговиот најавен албум „Асценд“.

Објавено на

часот

Сподели

Музичката кариера Таневски ја почнува во јануари 1985 година во групата Мизар. Првиот албум на Мизар излезе во есента 1988 година, а истата година Горан Таневски беше прогласен за најдобар фронтмен и вокал на територијата на поранешна Југославија. Албумот „Мизар“ таа година беше прогласен за најдобар албум.

Таневски го најавува својот албум Асценд (ASCEND) кој под покровителство на Менарт ќе излезе на крајот на ноември годинава.
„Во човековата природа е да бара сродна душа во животот. Попатно, повеќето удираа во ѕидот на отуѓеноста, стар милениуми. Инстинктот ви кажува да продолжите да барате. Инспирирани од бурето и свеќата на Диоген, ние всушност се бараме себе си во овој свет. Без разлика каков човек е, тој е во нас“, рече Таневски.
Асценд, првиот албум од трилогијата „Срекен сум дури и без себе“, поделен на три етапи од животот на авторот. Aсценд ја претставува младоста каде имагинацијата се судира со реалноста, надевајќи се дека мислите, етиката и принципите не се променливи. Илузиите за „брз живот“ или неморал се исклучени, верувајќи дека длабоко во себе луѓето сè уште имаат емоции и желба да ја видат реалноста.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ