Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска западен Авганистан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
#Earthquake (#زلزله) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M5.5 || 46 km N of #Herāt (#Afghanistan) || 7 min ago (local time 08:26:33). Follow the thread for the updates? pic.twitter.com/5jHQTJqQ7y
— EMSC (@LastQuake) October 15, 2023
Веднаш по првиот следеше уште еден земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала. Американскиот геолошки институт соопшти дека епицентарот на денешниот земјотрес бил на околу 34 километри од Херат, главниот град на истоимената провинција.
Најмалку 2.000 лица загинаа во серијата разорни земјотреси на почетокот на овој месец во Авганистан.