Новиот производ овозможува инвестициско осигурување со избор на друштво за управување со инвестициски фондови, но и со можност за избор и комбинирање на инвестициски фондови. Благодарејќи на можностите за создавање најповолна финансиска понуда Unit link инвестициското осигурување претставува идеален избор за осигурениците кои сакаат да обезбедат финансиска сигурност за своето семејство додека истовремено инвестираат во својата финансиска иднина.
„Unit link инвестициското осигурување станува сѐ поатрактивен финансиски производ за македонските граѓани бидејќи претставува одлична можност за инвестирање средства со цел обезбедување атрактивен принос со умерен ризик, со истовремено обезбедување финансиска сигурност за семејството. Станува збор за осигурување живот поврзано со удели во инвестициски фондови и овозможува различни и атрактивни можности за инвестирање на сопствените средства“, изјави Христина Џамбазовска Анастасов, генерален директор на Триглав осигурување живот АД Скопје, по повод воведувањето на новиот производ.
Триглав осигурување живот овозможува повеќе атрактивни финансиски можности за инвестирање на вашите средства преку инвестициските фондови на друштвата НЛБ фондови, КБ Инвест и Вега фондови со истовремено осигурување, и тоа:
- Unit Link PLUS со еднократна уплата – одлична можност доколку располагате со одреден износ на парични средства за кои очекувате одреден принос со истовремено осигурување.
- Unit Link PLUS со програмирани уплати – извонредна можност доколку сте заинтересирани за периодично програмирани уплати за инвестирање и осигурување од кои за определен период би очекувале одреден принос.
- Unit Link SAFE со еднократна уплата – доколку располагате со одреден износ на парични средства за кои очекувате одреден принос со загарантиран процент на поврат на вложените средства со истовремено осигурување, ова би била одлчина опција за вас.
- Unit Link SAFE со програмирани уплати – многу интересна опција доколку сте заинтересирани за периодично програмирани уплати за инвестирање и осигурување од кои за определен период би очекувале одреден принос со загарантиран процент на поврат на вложените средства и можност за двојна осигурена сума во случај на смрт.
Триглав осигурување живот ви овозможува да ја креирате вашата инвестициска стратегија со избор на еден или комбинација на повеќе инвестициски фондови.
UNIT Link производите на Триглав овозможуваат финансиска сигурност за вашето семејството со исплата на загарантирана осигурена сума во случај на смрт заедно со вредноста на инвестициската сметка. Во целиот период на траење на осигурувањето вашите средства се предмет на вложување во инвестициски фонд, при што имате можност да остварите атрактивен принос.
Комерцијален текст