понеделник, 21 октомври 2024

Нов проект во Кавадарци – Градење на здрави животни навики на младите луѓе

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев потпиша меморандум за соработка со претставници од Центарот за истражување и креирање политики, кој во соработка со Care International Balkans го реализира проектот „Градење на здрави животни навики на младите луѓе’’ со поддршка на Амбасадата на кралството Холандија во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Целта на проектот е позитивно трансформирање на однесувањето кај младите со цел градење толерантни општества и превенција на врсничкото и родово базирано насилство, а ќе придонесе кон поголемо разбирање и подигање на свеста за насилството како научено мажествено однесување на балканските простори, кај момчињата, младинските граѓански организации и релевантните владини институции, како и подигање на свеста и поттикнување на промени во политиките за спречување на родово засновано насилство преку регионалната размена на најдобри практики меѓу стручните служби во училиштата и младите во регионот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ