недела, 20 октомври 2024

Нов напад врз Трамп: Судијата му забрани да ги критикува обвинителите, судот и сведоците

Федерален судија му забрани на Доналд Трамп да ги критикува обвинителите, судот и можните сведоци пред неговото судење под обвинение за местење на изборите во 2020 година.

Објавено на

часот

Сподели

„Бидејќи се кандидира за претседател, дали може да се заканува?“, ги прашала судијката Тања Чуткан адвокатите на Трамп пред да издаде наредба со која се ограничува она за што Трамп може да зборува.

Поранешниот претседател неодамна ги нападна обвинителите дека се „насилници“ а еден потенцијален сведок го нарече „свиња без црева“. Федералното кривично судење на Трамп започнува во март 2024 година.

Додека повторно води кампања за претседателската функција, на Трамп му се закануваат уште три судења следната година. Едно од судењата започнува на 4 март, истиот ден како „Супер вторник“, клучниот ден за гласање на републиканските прелиминарни избори во 2024 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ