четврток, 13 февруари 2025

Норвешка: 27.000 лососи избегале од фарма

Компанијата за морска храна Мови, најголемиот светски производител на фармерски лосос, во понеделникот соопшти дека четвртина од нејзината популација од 105.000 побегнала од фарма во Тромсо, северозападна Норвешка, и понудила награда од околу 45 долари за секој уловен лосос.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Како што се наведува во соопштението, од кафезите избегале околу 27.000 лососи, пренесува Гардијан.

Норвешката Дирекција за рибарство потврди дека бегството на лососи од фарма во Тромсо во неделата го пријавила компанијата Мови, наведувајќи дека е откриено оштетување на мрежата на рибната фарма во објектот на фармата Сторвик 5 во Тромсо по невремето.

Според Ројтерс, просечната тежина на секој поединец од јатото на избегани лососи е околу 5,5 килограми.

Активистите исто така се огласија и предупредија дека оваа ситуација е „катастрофална за популацијата на дивиот лосос“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ