четврток, 19 декември 2024

НМК по сообраќајните знаци во Србија бил ненамерен пропуст, ќе корегираат

Низ цела Србија на сообраќајните знаци Македонија е означена со НМК, што се спротивно на сите меѓународни договори и усвоениот меѓународен код МК или МКД. Од македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговиа во одговорот на прашањето на МКД.мк велат дека добиле ветување од Србија дека наскоро ќе биде поправена оваа грешка.

Објавено на

часот

Сподели

Кога патувате на автопатот Е75 од Србија во правец кон Македонија на сите сообраќајни знаци Македонија е означена со кодот НМК (North Macedonia – Северна Македонија). Ова е вака повеќе од пет години. НМК кодот е спротивен и на Преспанскиот договор. Во член 1 од овој договор пишува: „Кодот за земјата на регистарските таблички на возилата на Втората страна (Македонија – н.з.) ќе биде НМ или НМК. За сите други намени, кодот на земјата останува да биде МК и МКД, како што е официјално определено од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО)“.

На нашето прашање дали Македонија реагирала на оваа грешка од српска страна, од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија велат дека во повеќе наврати, континуирано, по дипломатски пат било реагирано за несоодветната употреба на меѓународниот код на нашата држава врз сообраќајните знаци на автопатот Е75, на територијата на Србија, со укажување за погрешната употреба на меѓународниот код.

„Српската страна одговори дека се работи за ненамерен пропуст на тамошните служби за поставување на патна сигнализација. Очекуваме,  дека соседна Србија, во духот на одличните билатерални односи, ќе ја направи потребната корекција и ќе го постави меѓународниот код за Република Северна Македонија, МК односно МКД, во најскоро време“, велат од МНР.

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ