петок, 18 октомври 2024

Нина Кравиц, Лајбах, Констракта дел од годинешното издание на Скопје колинг

Објавено на

часот

Сподели

Како што рече на денешната прес-конференција сопственикот на Авалон продукција, Бобан Милошески, продукциски фестивалот се предвидува да биде на највисоко светско ниво.

„Секогаш се обидуваме Skopje Calling да биде пософистициран и да биде повеќе настроен кон ‘меинстрим’ генерацијата, и во години и во музички вкусови, додека Ohrid Calling е повеќе за младите генерации. Овој фестивал е за публика од 7 до 70 години, ако земеме во предвид дека публиката на Констракта и на Буч Кеседи е помлада, публиката на Nipplepipple е во некои си средни години, а публиката на Нина Кравиц е во средни и помлади години, рече Милошески.

Тој потенцира дека е изненаден е од интересот што постои за оваа година. 

„Фестивалот е авангарден, односно не е утракомерцијален како што е Охридскиот. Изненадени сме од бројот на посетители кои ќе се појават во петок. Фестивалот е прилагоден спрема музичкиот концепт, односно ќе се загрева атмосферата, ќе биде како вовед до настапот на Нина Кравиц. По короната и во музичката индустрија се е поскапено од пет до шест пати. Ова ќе беше прва година во која ние немаше да работиме и немаше да има ниту еден проект, да не се појавеа нашите стратешки партнери од аспект на маркетинг, но во оваа приказна главни се луѓето од НЛБ Банка, ја вклучивме и VISA во приказната, и сето тоа овозможи да се случат овие два фестивала“, рече Милошески.

с

На новинарско прашање зошто македонски уметници нема да настапат на фестивалот, Милошески рече дека причината е единствено од технички аспект, односно немало простор за повеќе изведувачи.

„Беше планирано фестивалот да биде поделен во два дена. Сите овие изведувачи беа ‘букирани’ и требаше да има уште еден регионален изведувач и уште два или три македонски изведувачи. Се случи тројца изведувачи да не можат да се поделат во два дена, и во оној момент кога се одлучи фестивалот да биде во еден ден, навистина немаше простор за други изведувачи. Технички работите излегоа од контрола, и само поради тоа нема македонски изведувачи. Нема физички кај да ги сместиме“, рече Милошески.

Љупка Ѓорѓиевска, помошник на Управен одбор на НЛБ банка, генерален спонзор на фестивалот на прес-конференцијата рече дека ова е четврта по ред година како соработуваат, а од година за година се повеќе се интензивира соработката за овој фестивал.

„Верувам дека партнерството и во следниот период ќе продолжи со засилен интензитет“, додаде Ѓорѓиевска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ