„Сакам Израелците да знаат дека ја прават вистинската работа. Не дозволувајте некој да ве натера да се чувствувате виновни бидејќи Израел не е виновен за ова“, рече Хејли.
Хејли во северен Израел на артилериските гранати на Израелските одбранбени сили (ИДФ) ја напиша следнава порака: „Докрајчете ги! Америка го сака Израел!“
“Finish Them, America ♥️ Israel Always!”
Message from @NikkiHaley, written on an Israeli missile intended for Hamas. pic.twitter.com/DgPQYNvkWM
— Team Nikki Haley (@NikkiHaleyHQ) May 28, 2024
Хејли се кандидираше за републиканската претседателска номинација претходно оваа година, но се откажа од трката на почетокот на март, откако Доналд Трамп ја порази низ земјата за време на т.н. супер вторник.
Иако тогаш не го поддржуваше Трамп, подоцна се предомисли и најави дека ќе гласа за него на претседателските избори на крајот на годината.