среда, 23 октомври 2024

Ники Хејли го нападна Трамп за смртта на Навални: Тој е на страната на Путин

Ники Хејли, кандидатката за републиканска номинација за претседателските избори во САД, го критикуваше денес својот противкандидат Доналд Трамп поради пријателските врски со рускиот претседател Владимир Путин, откако рускиот опозиционер Алексеј Навални почина во затвор.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Доналд Трамп продолжува да биде на страната на Владимир Путин – човекот кој ги убива своите политички противници, држи американски новинари како заложници и кој никогаш не ја криел желбата да ја уништи Америка“, порача Хејли во порака на нејзината кампања.

Трамп со години повремено го фали Путин, а во 2022 година го нарече гениј поради неговата одлука да ја нападне Украина.

Смртта на Навални ја објави руската затворска управа. 47-годишниот адвокат стана познат пред десетина години, јавно осудувајќи ја, како што тврдеше, раширената корупција и енормното богатење на „измамниците и крадците“ од елитата на Русија.

Многу западни лидери го обвинија Кремљ за смртта на Навални. Немаат докази, освен тврдењата дека непријателите на Путин умираат под нејасни околности.

Коментарот на Хејли доаѓа во време која се обидува да го поткопа неговото уверливо водство според сите предизборни анкети.

Во посебна изјава на социјалната мрежа Икс Хејли го обвини Путин за смртта на Навални и повторно го нападна Трамп.

„Путин го направи ова. Истиот Путин кого Доналд Трамп го фали и брани“, објави Хејли.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ