вторник, 22 октомври 2024

Ники Хејли ги нарече Бајден и Трамп „мрзоволни старци“: „Одамна го надминаа својот политички зенит“

Кандидатката за претседателската номинација на Републиканската партија Ники Хејли ги нарече своите ривали, поранешниот американски претседател Доналд Трамп и актуелниот претседател Џо Бајден „мрзоволни старци“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Хејли оцени дека двајцата нејзини ривали „одамна го надминале својот политички зенит“, пренесува Ројтерс.

Кампањата на 52-годишната Ники Хејли денес соопшти дека почнува со дигитални огласи кои би требало да создадат сомнеж во менталните капацитети на Трамп и Бајден, критикувајќи ги за тоа што не водат поенергични кампањи и трошат пари.

Хејли, поранешна амбасадорка на САД во Обединетите нации, смета дека е време за „нова генерација раководство во Вашингтон“.

Таа ги повика политичарите постари од 75 години на тестирање на менталните способности и е заговорничка за ограничување на мандатот за пратениците.

Нејзините аргументи би можеле да имаат одек на изборите во ноември на кои најверојатно ќе се соочат актуелниот американски претседател Бајден кој тогаш ќе има 82 години и неговиот најсериозен противкандидат поранешниот претседател на САД Доналд Трамп кој ќе има 78 години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ