Никарагва побара од ИЦЈ да донесе итни мерки кои ќе го примораат Берлин да престане да му пружа воена помош на Израел. Судот обично го одредува датумот на сослушувањето за бараните итни мерки во рок од неколку недели од моментот на поднесувањето на тужбата.
Според тврдењето на Никарагва, Германија ја крши Конвенцијата за геноцид од 1948 година и Женевската конвенција од 1949 година за законите за војување на окупираните палестински територии.
Тужбата се надоврзува на јужноафриканската тужба против Израел поради можниот геноцид над Палестинците во Газа.
Германија и Соединетите Американски Држави се најголемите извозници на оружје во Израел.