Пратениците почнаа со разгледување на прашања во врска со спроведувањето на деловникот на Собранието при работа на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот за надзорната расправа закажана за 25 февруари 2025 година, и давање на мислење за разрешување на спорните прашања.
Претходно, пратеникот Јован Митрески од СДСМ побара на дневен ред да се стави разгледување на прашања во врска со спроведување на деловникот на Собранието од страна на претседателот на Собранието во врска со примената на член 126 став 3 и давање на мислење за разрешување на спорните прашања во врска со т.н. закон за бранители и неговото неставање на дневен ред на Комисијата за труд. Предлогот на Митрески не беше прифатен.
По барање на Борислав Крмов од Левица, следуваа 30 минути пауза. Тој рече дека побарал присуство на собранискиот претседател Африм Гаши, затоа што тој е задолжен околу Деловникот, да ја слушне материјалната расправа.
„Тој не е е тука и барам пауза да пробаме да обезбедиме негово присуство за да ја слушне материјалната расправа што ќе продолжи по паузата“, рече Крмов