понеделник, 21 октомври 2024

Невреме во Италија, евакуирани 1200 жители на Тоскана (ВИДЕО)

Силен дожд пропратен со силен ветер денеска во раните утрински часови ја погоди Тоскана, принудувајќи околу 1.200 жители да се евакуираат, соопштија локалните власти.

Објавено на

часот

Сподели

Еугенио Џани, претседателот на тој италијански регион, изјави дека повеќе од 16.000 домаќинства останале без електрична енергија.

Најмалку седум лица загинаа во невремето што го зафати овој популарен туристички регион во четвртокот вечерта.

Провинциите Прато и Пистоја беа најтешко погодени. Реката Бизенцио и помалите потоци се излеаа од коритата и ги поплавија околните села, но веќе започнаа работите за чистење на подрачјата од кои водата почна да се повлекува.

„Нашата Тоскана можеби е ранета, но ние веќе почнавме да ја обновуваме. Форца!“, напиша Џани во објавата на Фејсбук.

Силен дожд и силни ветришта ги погодија и другите региони на северна и централна Италија.

На видеата се гледаат многу високи бранови долж Лигурската ривиера. Во исто време, градските власти на Венеција ги активираа браните МОСЕ кои ја изолираат венецијанската лагуна и го штитат центарот на градот од поплави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ