недела, 23 февруари 2025

Невладините организации бараат од ЕУ да ја компензира „замрзнатата“ помош на УСАИД

Меѓународната комисија на правници (МСП), заедно со над 60 граѓански организации, се приклучи на итниот апел со кој ги повикува лидерите на ЕУ да преземат итна акција за справување со глобалната криза за развојна помош предизвикана од неодамнешните одлуки на американската администрација.

Објавено на

часот

Сподели

На 20 јануари 2025 година, американскиот претседател, Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се наметнува замрзнување од 90 дена на целата американска странска помош. Оваа одлука веќе доведе до непосредни и катастрофални последици, вклучително и затворање на клиниките, суспендирање на програмите за лекување на болести кои спасуваат животи, нарушување на иницијативите за човекови права и владеење на правото и финансиска криза за невладините организации ширум светот.

Враќањето на правилото за глобално замолчување – политика на САД што им забранува на странските организации кои добиваат глобално здравствено финансирање од САД да обезбедуваат, советуваат или застапуваат услуги за абортус – дополнително го загрозува пристапот до основните услуги за сексуална и репродуктивна здравствена заштита.

Со апелот се повикува ЕУ, како најголем светски донатор на странска помош, да го засили своето лидерство и да обезбеди континуирана поддршка за демократијата, човековите права, глобалното здравје и хуманитарната помош. Меѓу клучните препораки, потписниците ја повикуваат ЕУ да:

– Обезбеди итни финансирања за да се ублажат финансиските недостатоци создадени од замрзнувањето на помошта од САД и Правилото за глобално замолчување;

– Да се даде приоритет на финансирањето за секторите кои се најпогодени, вклучувајќи ги репродуктивните права, родовата еднаквост и ЛГБТИК- правата;

– Намалување на административните бариери за да се обезбеди пристапност до финансирање за граѓанските организации;

– Преземање дипломатски мерки за да се повика американската администрација да го смени курсот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ