сабота, 19 октомври 2024

Неверојатна партија на Димитијевиќ, постигна 38 поени против ЦСКА Москва

Актуелниот шампион на ВТБ лигата, Уникс ја совлада ЦСКА Москва со 84-78 и сам изби на првата позиција, а ѕвезда на мечот беше нашиот Ненад Димитријевиќ.

Објавено на

часот

Сподели

Димитријевиќ го предводеше Уникс до победа во големото дерби од ВТБ лигата. Македонскиот кошаркар постигна 38 поени од кои дури 19 во последната четвртина кога се решаваше победникот.

ЦСКА имаше водство од 60-56 кога Димитријевиќ се разигра и ги сруши. Во последниот период цел тим на Уникс постигна 28 поени, а 19 од нив беа на Димитријевиќ.

Димитријевиќ имаше само едно промашување од игра 12/13 и едно промашено слободно фрлање 10/11, додаде и пет асистенции и три скока.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ