„Намерата на неколку европски земји да ја признаат палестинската држава е награда за тероризам“, кажа Нетанјаху.
Израелскиот премиер тврди дека 80 отсто од Палестинците на Западниот брег го поддржуваат нападот извршен на 7 октомври.
„На тоа зло не може да му се даде држава. Тоа би била терористичка држава, а ние на тоа нема да се согласиме“, истакна тој.
Додаде дека „наградувањето на тероризмот нема да донесе мир“ и дека тоа нема да го спречи Израел да го порази Хамас.
Нетанјаху се противи на решението со две држави, кое предвидува независна палестинска држава која постои паралелно со Израел.