понеделник, 21 октомври 2024

Нетанјаху: Офанзивата продолжува додека не се ослободат сите заложници

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја исклучи можноста за привремен прекин на огнот во Појасот Газа, порачувајќи дека ќе продолжи со безмилосната воена офанзива додека не се ослободат заложниците кои ги држи палестинската милитантна организација Хамас.

Објавено на

часот

Сподели

Нетанјаху кажа дека Израел продолжува „со сета сила“ и дека „одбива привремен прекин на огнот кој не вклучува враќање на нашите заложници“.

Нетанјаху се обрати денес по состанокот со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој изврши притисок на Израел привремено да ја сопре својата офанзива за да се подобар хуманитарните услови во Газа.

Блинкен го повика Израел да направи повеќе за да ги заштити цивилите од своите напади.

Ројтерс пренесува дека Блинкен денес ги повикал израелските лидери да дозволат хуманитарни паузи во својата војна со Хамас во Газа за да се даде време да се зголеми помошта во палестинската енклава и да се олесни ослободувањето на заложниците.

„Во нашите денешни дискусии отворени се низа легитимни прашања, вклучувајќи како да се искористи кој било период на пауза за да се максимизира протокот на хуманитарна помош, како да се поврзе паузата со ослободување на заложниците, како да се обезбеди Хамас да не ги користи овие паузи или аранжмани во своја корист“, им кажа Блинкен на новинарите во Тел Авив.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ