понеделник, 21 октомври 2024

Нетанјаху објави план за Газа по војната

Израел ќе има целосна одговорност за безбедноста во Газа на неодредено време по завршувањето на војната со Хамас, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за Еј-би-си њуз.

Објавено на

часот

Сподели

„Со Газа ќе управуваат оние кои не сакаат да продолжат по патот на Хамас“, рече Нетанјаху. „Мислам дека Израел, на неодредено време, ќе ја има севкупната одговорност за безбедноста. Кога ја немаме таа безбедносна одговорност, она што го имаме е ерупција на теророт на Хамас во размери што не можевме ни да ги замислиме“, рече тој. Тој повтори дека Израел нема да дозволи општ прекин на огнот додека Хамас не ги ослободи сите заложници.

Сепак, Нетанјаху рече дека е подготвен за кратки паузи. „Што се однесува до тактички мали паузи, еден час овде, еден час таму, ги имавме и претходно. Ќе ги провериме околностите за да дозволиме влез на хуманитарна помош или да дозволиме излез на нашите заложници. Но, мислам дека нема да има општ прекин на огнот“, рече тој.

Нетанјаху се осврна и на улогата на Иран и на милитантната група Хезболах поддржана од Техеран, предупредувајќи ги да не се мешаат повторно. „Мислам дека сфатија дека ако влезат во војна на значаен начин, одговорот ќе биде многу, многу силен и се надевам дека нема да ја направат таа грешка“, изјави Нетанјаху за Еј-би-си.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД Џон Кирби ја коментираше изјавата на израелскиот премиер. „Она што го поддржуваме е дека Хамас повеќе не може да ја контролира Газа. Разговараме со нашите израелски колеги за тоа како треба да изгледа владеењето во Газа по конфликтот и не верувам дека е постигнато некакво решение на еден или на друг начин“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ