Саудиска Арабија ќе биде домаќин на самитот на неколку арапски лидери во петок, за да се претстави заеднички одговор на проектот кој предизвика меѓународна осуда.
За време на посетата на Израел во неделата, американскиот државен секретар Марко Рубио му изрази поддршка на Нетанјаху.
Нетанјаху кажа дека негова обврска е да го почитува планот на Трамп САД да ја преземат контролата над палестинската територија и да протера 2,4 милиони Палестинци во Египет и Јордан.
„Токму како што се обврзав дека ќе обезбедам по војната во Газа да нема повеќе Хамас или палестински власти, морам да го почитувам планот на Доналд Трамп за создавање друга Газа“, изјави Нетанјаху.
Планот го отфрлија Палестинците и сите арапски земји, како и повеќето земји во светот, што дополнително ги засили тензиите околу и онака кревкото примирје во Газа од 19 јануари.
Израелскиот воен кабинет треба да расправа за втората фаза од договорот за примирјето, која треба да овозможи ослободување на сите заложници во Газа и дефинитивен крај на израелската војна. Првата фаза на договорот завршува на 1 март.