понеделник, 21 октомври 2024

Нетанјаху: Израелските сили уништија седиште на Хамас, тунели и бази

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одржа прес-конференција во Тел Авив.

Објавено на

часот

Сподели

„Го опколивме градот Газа. Израелските одбранбени сили (ИДФ) дејствуваат во градот, убивме многу терористи. Хамас сега сфаќа дека дојдовме до местата до кои мислеа дека нема да дојдеме. Израелските сили уништија седиште на Хамас, тунели и бази“, кажа израелскиот премиер.

Потоа се осврна на престрелката со Хезболах.

„Ако Хезболах одлучи да учествува во оваа војна, ќе направи животна грешка“, кажа Нетанјаху. „Целосно ќе ја уништиме способноста на Хамас да ја води Газа. Израел нема да сопре. Ги повикувам граѓаните на Газа да се евакуираат кон југ. Знам дека тоа веќе го прават. Преместете се на југ бидејќи Израел нема да сопре“, порача тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ