понеделник, 21 октомври 2024

Нетанјаху: Ако падне Блискиот Исток, Европа е следна, и никој нема да биде безбеден

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека војната на таа земја против палестинската милитантна група Хамас не е „локална битка“ и истакна дека ако Израел не победи, „никој нема да биде безбеден“.

Објавено на

часот

Сподели

„Нашата победа ќе биде и ваша победа. Ако Блискиот Исток падне, Европа е следна. И никој нема да биде безбеден“, кажа Нетанјаху по состанокот со десетици странски амбасадори во Ерусалим, пренесува Тајмс оф Израел.

Како што се наведува, Нетанјаху зборувал за темите кои се основа на неговиот наратив за време на конфликтот меѓу Израел и Хамас. „Оската на теророт ја предводи, а ја сочинуваат и Хезболах, Хамас, Хутите и другите нивни слуги. Тие настојуваат да ги вратат Блискиот Исток и светот во мрачна доба.

Тие сакаат да нè торпедираат, да го нарушат секој напредок кон мирот“, цени Нетанјаху.

Истана дека Израел, откако „ќе го уништи Хамас“, ќе му понуди на народот на Газа „реална иднина, полн со ветувања и надеж“.

Поради војната против Хамас и хуманитарната ситуација во Газа во последниот месец, настаната како последица на нападите од Израел, многу земји ги повлекоа своите дипломатски претставници од Израел.

Од почетокот на војната на Израел и палестинската група Хамас на 7 октомври своите дипломатски претставници ги отповикаа Турција, Чад, Хондурас, Чиле, Колумбија и Јордан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ